На телевизиската дебата помеѓу кандидатите за претседател Силјановска и Пендаровски на прашањето дали ќе дозволат влијанија при донесувањето одлуки и по критериуми ќе се водат при изборот на членови во Судскиот совет, Советот за безбедност, како и за Уставниот суд, Пендаровски одговори дека ќе биде имун на влијание од центри на моќ и дека, како што рече, не е партиски производ. Ќе се води од стручноста, професионалноста и интегритеттот на кандидатите, а не „од партиски или етнички кујни“, освен кога треба да се запази правичната застапеност. И во однос на надворешната политика, рече, ќе постапува во интересот на државата и пресудно ќе биде интегритетот и знаењата на кандидатот, неговата професионална компетенција и минат труд. Притоа додаде дека имаме 22 празни амбасади зашто според Иванов кандидатите не биле партиски подобни.

Силјановска, пак, кажа ќе остане своја на тој начин што ќе ја следи стручноста, компетентоста, мериторкратијата и ќе се залага за дипломатска служба ослободена од политика, додавајќи дека дипломатијата е огледалото на една држава, а односот надвор кон нас се гради по ликот на дипломатите: „Биографиите нема да бидат скриени како оние сега на амбасадорите. Ќе видат сите што значат луѓе со биографија, компетентни и стручни. Во Уставниот суд ќе седнат врвни правници, професори, судии од највисок ранг, а не како сега – наградени“.