Кандидатите за претседател на државата Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова на соочување на Македонската радио-телевизија на која ги спротивставија своите аргументи и кажаа зошто сметаат дека треба да ја добијат довербата на гласачите во вториот круг.

Пендаровски рече дека затоа што ќе се залага за два столба – внатрешна меѓуетничка и меѓуграѓанска кохезија што ќе ги надмине досегашните делби и неслога, што, пак, ќе доведе до вториот столб – просперитетна, стабилна и целосно евроинтегрирана држава. Силјановска рече дека во фокусот на нејзината програма е владеење на правото и правдата, дека ќе се залага за граѓанско мултуикултурно општество, европски стандарди и дека ќе стори сè за државата да стане демократска и пристојана во која ќе владее правото, а не поединци и групи.

-Ќе биде преголем ризик ако сè ставиме на коцка со некои ревизии и преоценувања, кога сме на прагот на НАТО и за два месеца треба да добиеме датум за преговори со ЕУ… Поентите исти или многу слични како и во првиот круг зашто програмата е позната и се работи во кои верувам – стабилност, напредок, економски стандард, меѓуетничка кохезија и целосно евроатлантско интегрирање. Можеби дополнително повторно ќе им предочам на граѓаните што не излегоа да гласаат што е влогот со овие избори и дека не треба да бидат пасивни, истакна Пендаровски на вечерашниот телевизиски дуел.

Тој очекува на 5 мај да добие гласови од, како што рече, две категории на гласачи – од гласовите што во првиот круг ги доби кандидатот Блерим Река. Тие гласачи што му ја дадоа поддршката на Река, рече Пендаровски се слободни како ќе го дадат својот глас во вториот круг.

– Но и ние имавме слични стратешки заложби со Река и мислам дека добар дел од тие гласачи ќе го препознаат концептот на Река во мојата програма, рече Пендаровски. Втората категорија се тие што останале дома разочарани од досегашните резултати на Владата. Ним им порача дека ги разбира, но дека ако се за неговиот концепт, а повторно останат дома, ќе се изгуби многу и ќе му дадат предност на концептот на изолација.