Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на првото телевизиско соочување во рамки на вториот круг од кампањата рече дека држи до зборот, зашто и е најважен и дека нејзината филозофија не е „кажувам-заборавам-негирам, туку кажувам-помнам и остварувам“.

– Европски стандарди – тоа е и филозофијата на мојата програма, Ќе сторам сè за да станеме демократска, пристојна, досадна држава во која ќе владее правото, а не поединци и групи. Затоа што сум жена и изборот на жена претседателка е доказ за деморкатски капацитет за оваа земја. Затоа што постојано ќе го убедувам народот дека сум таму за нив, а не за мојата кариера. Ако сум успеала во кариерата, сигурно мојот збор ќе тежи и во политиката. Ќе направам се она што го збрувам да го реализирам, рече Силјановска.

*Платено политичко рекламирање