Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска на трибина во Општина Карпош се обрати на граѓаните.

Сиљановска Давкова ги поздрави граѓаните и им заблагодари што ја подржаа во првиот круг од претседателските избори со што и дадоа дополнителна сила за да победи, се со цел правдата да преовладее во државата.

Потребно е во вториот круг дополнително да се охрабриме, да разговараме со нашите пријатели кои имаат различни причини за бојкот на изборите. Да им ја објасниме важноста на овие избори. Да ги убедиме да излезат и да гласаат за право и правда во Македонија. Ќе разговарам лично со луѓе од бојкотирам, ќе разговарам лично со сите граѓанки и граѓани, без разлика на етничка, верска или било каква припадност. Силата на аргументите мора да победи. Вистината е на наша страна. Мораме да донесеме право и правда во Македонија. Време е!

Сиљановска Давкова рече дека на 5-ти мај граѓаните гордо за гордата Македонија ќе гласаат и ќе победи. Бидејќи крајот на власта е на повидок, а нејзината победа веќе е на дофат.

Сиљановска Давкова на граѓаните им вети на граѓаните дека кога ќе победи на претседателските избори ќе се избори светлината на правото и правдината да завладее во Република Македонија и да се стави крај на заевизмот кој што нанесе само зло на државата.

*Платено политичко рекламирање