Лидерот на СДСМ Зоран Заев од партиската трибина во Велес за промоција на кандидатот за Претседател рече дека Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.

– Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираат. Тие од ВМРО вработените. Ние сме добрички, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим, рече Заев.