Во гласачко место во Зајас се случувало гласање за неверојатни 24 секунди меѓу лицата, односно за само два часа во неделата гласале неверојатни 297 лица. Ова според тимот на Гордана Силјановска Давкова е доволна причина за поништување на гласањето на ова место со број 0816. Ова предизвика тензија меѓу членовите на ДИК, по што следеше броење на гласовите два пати. По броењето беше констатирано дека во кутијата има вишок на 4 гласачки ливчиња и гласањето е поништено. Во врска со оние 297 гласови кои беа спорни, Комисијата рече оти други органи се надлежни и таму би требало да се продолжи процедурата.
Инаку ДИК заедно со гласачкото место во Зајас прифати 7 и одби исто толку од вкупно поднесените 14 приговори доставени и образложени од тимот на кандидатката Силјановска Давкова.
Прифатените, каде гласањето е поништено, а се разрешени и членови на избирачки одбори се однесуваат на гласачките места : 0686 и 682 во Кавадарци, во кои места има повеќе ливчиња отколку потписи во Избирачкиот список, истото и во местата 2830, во Центар и 1075 во Куманово, 2688 во Аеродром каде му било дозволено гласање на лице кое не е во списокот, потоа 1338 во Охрид каде биле делени гласачки ливчиња и за градоначалник и за претседател, ама на гласачите не им се давале двата избирачки списока да се потпишат.
Одбиените приговори не поминаа оти во најголем дел од случаите нема доволно докази како основа за разгледување на приговорите.