Кандидатот за претседател на Македонија, Стево Пендаровски на новинарско прашање во врска со операцијата „метла“ која ја најави премиерот за чистка на функционери на локално и централно ниво истакна дека иако тоа не е во негов домен сепак лично смета дека во ред е таква постапка.
- Тоа е пред се работа на премиерот и на владината структура и на надлежните министри јас потполно го поддржувам тој пристап не е мое, но ако прашувате мој политички став мислам дека е во ред тој пристап, и сакам на сите нив да апелирам да ги замолам да размислат на страна тие проблеми кои се во функционирањето, во неиспорачувањето на ветувањето од 2016, 2017 година и евентуално и во меѓувреме, да ги стават за момент на страна и да помислат што би бил исходот ако евентуално опозиционата кандидатка или главната опозициона партија добие мнозинство гласови, тоа значи директно враќање во времето на Никола Груевски, а сите знаеме дека во тој период не живеевме добро. Значи на сите полиња бевме закочени и сега со повторното инсталирање само под друго име на тој исти режим, мислам дека сите ние вклучително и овие што не се задоволни од политиките на гарнитурата која ја гласале можеби пред само година или две и тие сигурно не би сакале тоа искуство да го повторат. Не гледам друга опција или начин освен да се даде поддршка на оваа варијанта со тоа што се разбира треба да се држи за збор и премиерот и надлежните министри дека во своите ресори во својот домен на надлежности ќе преземат се да не се повторуваат грешките кои се очигледни и кои ги има ги знаеме сите и кои се евидентирани од целокупната македонска јавност изминативе две години.