Почна пријавувањето на болните и изнемоштени лица, кои во првиот круг на претседателските избори биле спречени да се пријават во Општинската изборна комисија.
Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека оние кои имаат пријава и гласаа во првиот круг сега нема потреба да доставуваат документација која им важи и за вториот круг, на 5 мај.
-Во тек е пријавувањето на болните и изнемоштени лица кои не можеле да се пријават во првиот круг. Општинската изборна комисија во Штип работи од 9 до 19 часот секој работен ден, а во сабота кога истекува рокот на полноќ ќе имаме и дежурна екипа, вели Андреева.
Во првиот круг на претседателските избори во Штип гласаа вкупно 60 болни и изнемоштени лица и сите го остварија своето избирачко право во домовите. Наредната недела ќе се знае колку дополнително се пријавиле за гласање на 5 мај.