Актерот и поранешен директор на Македонскиот народен театар Драган Спасов - Дац на трибината на СДСМ во Карпош на која беш промовиран претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, по говорот на премиерот Заев кој истакна дека по изборите ќе направи чистка на функционерите во извршната и локалната власт, симболично му подари метла со која треба да ја направи чистката.

- Јас сум единствен кој поднесе оставка од директорското место поради морални причини. Иако сообраќајната несреќа се случи надвор од работното време, сепак јас за тоа се борев. Затоа оваа метла му ја подарувам на премиерот која ќе му се најде во чистката на функционерите. Има и лопата, може да собере поголемо ѓубре, истакна актерот Дац.

Тој додаде и дека сценариото не било договорено а метлата ја купил од Рептил по говорот на премиерот.