Премиерот Зоран Заев од трибината во Карпош на која беше дел при промоцијата на кандидатот за Претседател Стево Пендаровски истакна дека ја примиле пораката од граѓаните и дека после изборите ќе следи чистка на функционери во извршната и локалната власт.

– Пораката е дека има незадоволство од функционери, од централната, од локалната власт. Им возвраќам, ќе има чистка, секако дека ќе има чистка. После изборите ќе се случат промените. Редот е да ја испратам мојата порака до тие што останаа дома, државата ни е во прашање. Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата поради локалната или централната власт, порача Заев.

Иако досега неколкупати премиерот Заев најавуваше дека ќе направи реконструкција на Владата, тоа официјално не се случи освен кога во Владата влезе тогашна БЕСА на Африм Гаши, денес Алтернатива па поради тоа се направија само одредени рокади на министерските места.