Текот на гласањето во општините Дебар и Центар Жупа минува без проблеми, но, со слаб одѕив на гласачи.

– Од вкупно 18.625 избирачи, кои гласаат на 27 избирачки места, до десет часот во нашата општина своето граѓанско право го оствариле 561 граѓанин или три отсто. Вообичаено поголема излезност очекуваме во попладневните часови, изјави Елмира Бакали претседателка на Општинската избoрна комисија.

Споредено со последните локални избори, во октомври 2017 година, излезноста е помала. Тогаш до 10 часот гласале 9,4 отсто.

Дебрани освен за претседател на државата, избираат и нов градоначалник.

Според Бакали единствена измена во однос на последните избори е дислокацијата на избрачкото место број 0539 од зградата на Општинската организација на Црвен крст во Средното општиниско училиште „28 ноември“,кое ги опфаќа гласачите од улиците „8 септември“ „Ејуп Ќатипи“ „ЈНА“ и „Трпе Броштички“.

– Во единствениот избрачки список во општина Центар Жупа запишани се 6.951 лице со право на глас. До десет часот гласале 155 гласачи или 2,2 отсто, изјави Еран Зубер претседател на ОИК за оваа општина.

На последните локални избори излезноста во оваа општина била 6,8 отсто.


Администратор
21/04/2019 10:28