Регионалната комора со седиште во Кичево во рамки на Стопанската комора на нашата земја во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој одржа презентација пред кичевските бизнисмени на инструментот за кофинансирање грантови за комерцијализација на иновации.

Советникот на Фондот за иновации Никола Клопчески рече дека целта на овој инструмент, што е во вредност од пет милиони евра од кои два се обезбедени од Светската банка и три милиони од Владата, е да поттитикне зголемување на активностите за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и приватниот сектор со високообразовните и научно-истражувачките установи, како и останатите форми на соработка за комерцијализација на иновации.

Тој додаде дека средбата е со цел да објаснат како и кој може да аплицира до Фондот од кичевските компании.- Рокот за апликации трае од 30 март до 15 мај и можам да потврдам дека интересот е мошне голем бидеќи до сега на државно ниво се пристигнати над 1000 апликации, објасни Клопчески, инаку предност ќе имаат компаниите што се со доминантен македонски капитал, додаде тој.


Администратор
19/04/2019 17:14