Евроатланската „Република“ која ќе биде симбол на владеење во мојот мандат има две стратешки цели. Едната веќе се остварува и сме на половина пат да станеме 30-та земја членка на НАТО Алијансата и процесот на ратификација на протоколот за пристап кон Алијансата од страна на земјите членки ќе се заврши до почетокот на наредната година. И тука завршува геополитичката приказна, истакна кандидатот за Претседател на Македонија, професорот Блерим Река во интервју за радио слободна европа.

Река додаде и дека со членството во НАТО власта веќе никакво алиби за неисполнувањето на реформите но и за политичкиот пазар кој го направи во минатото како што беше амнестијата, специјалното јавно обвинителство а сето тоа „завиткано“ под превезот на поголеми стратешки цели. Река се осврна и вториот дел од стратешките цели на Македонија, односно нејзино членство во Европската Унија но најпрво добивање на датум за преговори.

- Во мојот мандат ќе бидам целосно насочен кон добивање на датум на преговори со Европската Унија а потоа и членство на Македонија во европското семејство. Патот нема да биде лесен, ќе имаме голем број на проблеми со кои ќе бидеме соочени, односно откако политичкиот услов е затворен, остануваат техничките критериуми кои треба да бидат исполнети односно реформи во судството, во јавната администрација и во безбедносните служби. Ќе го вложам целото мое искуство и знаење кое го имам за овие технички критериуми да бидат исполнети, потенцира Река.

*Платено политичко рекламирање