Кандидатот за претседател, поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето БЕСА, професорот Блерим Река во интервју за „Гласот на Америка“ на македонски јазик вели дека верува дека албанците ќе го направат вистинскиот избор и поддршката ќе ја дадат за него за неа за противкандидатот Стево Пендаровски кој е поддржан од албанската владеачка партија бидејќи според него е дојдено времето за Претседател Албанец.

„Дојдено е време, па дури сме задоцниле многу. 40 години во комунизам ни кажуваа дека не е време за претседател Албанец, 30 години по комунизмот и натаму ни кажуваат дека не е време за претседател Албанец, па дури овие кои се во тие бараките на неколку метри од тука, велат: потребни ни се уште 20 години за претседател Албанец”, вели тој.

Верува дека ќе се пласира во вториот круг, верува дека етничките Албанци ќе гласаат за него, а не за кандидатот на владејачката коалиција Пендаровски кој е поддржан и од ДУИ.

„Ако Албанците не знаат за кого да гласаат, тогаш се е залудно. Би ги повикал да гласаат со своето срце, да гласаат совесно”, вели Река.

*Платено политичко рекламирање