Кандидатот за Претседател, професорот Блерим Река денешниот ден од изборната кампања го продолжи со средби со граѓани и претставување на својата изборна програма од врата на врата во Скопската општина Чаир.
Тој во средбите со граѓаните истакна дека концептот за „Република за сите со правото над сите“ ќе им донесе подобар живот на Чаирчани и верува дека масовно ќе го поддржат на изборите во недела давајќи го нивниот глас токму за него.
- Очекувам масовна поддршка на 21-ви април. Гласот за мене значи глас за подобра иднина, глас за непартизирано судство, глас за деполитизирана јавна администрија, глас за Европска Македонија. Албанците ќе покажат дека е дојдено времето за претседател Албанец, истакна Река при средбите со граѓаните.
*Платено политичко рекламирање