Кандидатот за претседател на Македонија Гордана Сиљановска Давкова својата изборна програма ја претстави пред граѓаните на Валандово.

Според нејзе иако СДСМ и Заев го склучиле Преспанскиот договор со образложение дека тој е услов за влез во ЕУ и НАТО, тоа не е така бидејќи ЕУ ќе испорача нови услови за исполнување на европски стандарди бидејќи токму тие се неопходни за почеток на преговорите.

Лани прославија членство или почеток на преговори со ЕУ зошто демек ако се исполни условот наречен Преспански договор година само потписот ќе се стави и ќе почнеме да преговараме. Јасно е дека од тоа ништо не бива и сега повторно измислуваат по наводници аргументи и сигурни сме дека повторно Европската унија односно комисија ќе измисли некоја формулација од типот на уште една дополнителна домашна задача за да може да се подготви почетокот на преговорите што веќе ги почнавме или веќе требаше набрзо да ги почнеме. Причината лежи во отсуството на исполнување на било кој европски стандард, а тие се неопходниот услов за почеток на преговори и за членство на ЕУ, вели Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова смета дека функционерите од владата на Заев се во изборна кампања, односно како што рече таа како професор по уставно право одговорно тврди дека е шок кога ќе се види министер за внатрешни работи во кампања,а гледа и други министри и директори на јавни претпријатија кои се шефови на изборни штабови, нагласувајќи дека со ова не може да се зборува за департизирана администрација.

Сиљановска Давкова посочи дека е потребно обединување и заедништво на сите граѓани во државата и масовно излегување на изборите на 21 април се со цел да се врати правото и правдините во Македонија.

Оваа земја не е пристојна земја, ова земја е непристојно место зошто тие се однесуваат непристојно, зошто живеат како да се изолирани од народот и затоа мислам дека народот на 21 април треба да им покаже дека постоите заради нас, од нас ви извира мандатот и легитимитетот. Не заборавивте, тогаш ние ќе ви речеме збогум,

На крај таа заврши дека доаѓа време да се стави крај на безаконието, непотизмот, криминалот и корупцијата и конечно враќање на владеењето на правото и слободата во Македонија. Доаѓа времето кога треба да се стави крај на без законието на пропадната економија, на корупцијата и криминалот, на невидениот непотизам и фамилијарните односи,а тоа е 21 април, тоа е денот кога ние уште еднаш ќе потврдиме дека и кога мислат дека сме паднати во духот тогаш сме пред конечната одлука. Одлука да си ја повратиме слободата, да си го вратиме правото и правдата и за Македонија и во Македонија, заврши Сиљановска Давкова.