Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Валандово.
Сиљановска Давкова посебен акцент стави на владеењето на правото и правната држава, односно како што рече таа Македонија не е слободна држава во изминатите две и пол години, односно дека со оваа влада таа е далеку од тоа.
Сиљановска Давкова спомена дека граѓаните секојдневно се иселуваат од државата, бидејќи со оваа влада тие немаат никаква преспектива за да останат овде.
Луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се најпотребни, најумните најспособните, најкомпетативните, оние кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика за тоа да води сметка дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив како да ги бркаат. Тоа мора да се смени, кажа Сиљановска Давкова.
Таа пред граѓаните потенцираше дека иако ветувале живот не го донеле животот, алудирајќи на тоа дека доколку граѓаните ја изберат нејзе за претседател на Република Македонија ќе се бори за еколошката заштита и дека тоа ќе биде еден врвен приоритет бидејќи се работи за животот на граѓаните.
Силјановска истакна дека владеењето на СДСМ е како во минатото без демократија, а власта концентирана во рацете на еден човек што претставува лош начин на практикување на власта.
Се чини дека и практикувањето на власта е како некогаш, како да сме застанале во времето бидејќи очигледно е дека не само што нема внатрепартиска демократија во СДСМ а на сите им држат лекции за потребата од реформи, туку нема никаква демократија ниту во владата бидејќи сета власт е концентрирана во рацете на премиерот, тој го има првиот и последниот збор, истакна проф. д-р Сиљановска Давкова.