На денешната изборна промоција на кандидатот за Претседател поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА, професорот Блерим Река поддршка за него дадоа и партиските лидери Зијадин Села и Билал Касами.

– Им порачувам на битолчани масовно да гласаат и да го поддржат Блерим Река, бидејќи тоа е кандидат кој нуди тоа што и треба на Република Северна Македонија, а тоа е Република за сите. На државата и треба правда за сите, правда во која во 2016 година толку многу веруваа граѓаните, но за жал добивме селективна правда. Преку Блерим Река, државата ќе профункционира на друг начин, ќе биде поправедна и ќе има балансирање на властите, нагласи Села на политичкиот митинг во овој град.

*Платено политичко рекламирање


Администратор
16/04/2019 00:21