Гордана Силјановска Давкова кандидат за Претседател на Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил упати неколку прашања до актуелната власт порачувајќи и дека на 21-ви април народот политички ќе ги казни заради нивните погрешни политики.
„ Каде е животот?
Дали е животот да сте во врвот на најзагадените земји?
Дали е живот секој ден еден лекар да си заминува од Македонија?
Дали е живот земјоделците да не можат за 1 денар да ги продадат најубавите јаболка во светот?
Дали е живот сите да мислат да си заминат?
Да, тоа е нивниот живот, ама она што за нив е живот, за нас е закана по нашиот живот.
Доаѓа денот кога на гласачките кутии ќе го чујат народниот глас, а тој ќе биде Не за нив, Да за нас!, напиша Силјановска.