Кандидатот за Претседател, професорот Блерим Река денеска својата програма ја претстави пред Битолчани. Тој во текот на денот имаше средби со граѓани а потоа оддржа и централен митинг во Домот на Културата во Битола.

На Битолчани им порача дека во неговиот мандат ќе стори се преку неговиот концепт „Република за сите“ со владеење на Законот да придонесе кон намалување на енормното иселување пред се на младите луѓе.

- Мојот концепт е една Република за сите со Законот над сите. Ние можеме да експериментираме со секакви формули на владеење, но ако навистина не успееме да воспоставиме владеење на правото, тогаш се ќе биде погубно за државата. Ние немаме време да изгубиме уште 10, 20 години, бидејќи гледам во сите градови и села низ државата, сите се жалат на иселувањето, на големиот егзодус на младите, но и на цели фамилии, а тоа го има и во Битола, ми рекоа битолчани на Широк Сокак. Мислам дека со политички, државни реформи може да се направи за младите и Македонија да ја биде, истакна Река.

*Платено политичко рекламирање


Администратор
15/04/2019 23:52