Во емисијата Детектор на Телевизија Сител, претседателските кандидати се соочија на дуел. Во текот на дебатата, кандидатот за Претседател на Македонија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова истакна дека спотот кој за нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски бил навредлив, побарала да биде повлечен а таа лично не знаела за неговата содржина и не бил одобрен од нејзина страна.

- Ниту сум одобрила ниту знаев дека во подготвка е таков спот. Кога слушнав и го видов спотот, веднаш реков дека јас не сакам такви работи и побарав спотот да биде повлечен и истиот повеќе да не се емитува, истакна Силјановска.

Претходно, Пендаровски ја обвини Силјановска дека спотот кој се емитуваше на телевизиите а е наменет против него лошо влијае на демократската аатмосфера на изборната кампања.


Администратор
14/04/2019 22:53