На Твитер со брзина на светлината стана актуелна сликата на која се гледа синот на кандидатот за претседател на Македонија, професорката Гордана Сиљановска Давкова.
На фотографијата се гледа момче додека свири кавал во Градскиот парк во Скопје, кое љубопитно го гледаат две дечиња.
Блиски луѓе на семејството велат дека синот на професорката е исклучително талентиран баскер музичар којшто свири на кавал за своја душа и за најблиските, но и има музичка група која настапува на повеќе јавни места низ градот.
Твитот над сликата беше негативен и напишан со тон на понижување:
Го раѓаш, го растеш, го чуваш за да порасне и свири кавал за парички во парк, додека ти се тркаш за претседателска фотеља. Каква фамилија @gogamkd ..
На ваквиот непримерен упад во приватноста на трети лица и инволвирање на нејзините деца во валкана предкампања реагираше и професорката Сиљановска Давкова на својот Твитер профил:
„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“, напиша таа Силјановска на Твитер.