Ние немаме историја на Северна Македонија, порача кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска – Давкова во вечерашното гостување на емисијата „Отворено на Алфа“, во врска со често употребуваните фрази на власта во кои се споменува историјата.
-Македонија е сончева земја и Северна воопшто не и личи. Кога слушам за историјата на Северна Македонија, не знам дали да се смеам или да плачам зошто таква историја немаме. Ако најдете една песна , една книга еден труд или една битка за Северна Македонија, можеби и ќе подразмислам, вели Силјановска-Давкова.
Според неа, студот не и стои на топлата и сончева земја, но не и стои ниту европското сонце, оти тоа се заслужува со владеење на правото, со што Македонија не може да се пофали.
-Се разбира дека европското сонце е синоним за демократија, се работи за стандарди, се работи за нешто што го нема кај нас и јас мислам дека наскоро ќе се увериме односно ќе го видиме тоа. Можеби не во јуни, можеби не во септември. Оти европското сонце е владеење на право, просперитетна економија, сонце за земја која ќе се справи со клиентелизмот и корупцијата, а тоа не сме ние во моментот, вели Силјановска- Давкова.