Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните од населеното место Новаци.
Успехот на претседателските избори е делигитиминирање на власта. И отворање на простор за нови предвремени парламентарни избори. Затоа јас мислам дека не само што треба сами да веруваме туку и да им објаснуваме на другите каква е важноста на овие избори.
Се плашам дека ако на овие избори не излеземе во доволен број зошто има во Изборниот законик еден услов од 40% во вториот изборен круг излезени иначе непознат правен феномен да кажам. Сум била токму кога сме пишувале за мислења за Македонија, член на Венецијанската Комисија и сите колеги велеа треба да се избрише овој процент од 40% значи во вториот круг затоа што е непотребен.
Наместо тоа се плашам ако него го нема дека тогаш работите ќе се вратат во Собранието, дека претседател ќе стане по силата на законот на сегашниот претседател на Собранието, господинот Џафери и дека ќе го сменат Уставот, зошто имаат 81 пратеник. Тие се многу послушни пратеници, послушноста е врзана кај некои за стравот за притисоците, кај други за привилегиите, за парите како што велите за жал.
И тогаш двајцата лидери, господинот Ахмети и господинот Заев ќе го определат претседателот, а пратениците ќе го изгласаат.