Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните во Општина Шуто Оризари и со претседателот на организацијата РОМ.

Благодарам за поддршката на Роми обединети од Македонија. Политиката на правична и соодветна застапеност е нужна да ги има предвид Ромите, нагласи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

По средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова повтори пред присутните дека ќе биде претседателка која ќе обединува во овие тешки времиња. Претседателка која ќе се залага правото и правдината да се вратат пиедесталот. Ромите нема да бидат заборавени од државата како сега, бидејќи оваа власт ги заборави сите граѓани на Република Македонија за остварување на своите лични цели. Само со победа може да започне да се трга заевизмот кој владее низ државата.


Администратор
15/03/2019 01:57