Хотелот во Кина изграден во јама од напуштен рудник Интерконтинентал Шангај Вондерленд, познат и како „Длабокиот Пит“ е и официјално пуштен во употреба.

Туристичката атракција се наоѓа на планинскиот венец Шеншан близу Шангај и има 18 катови, од кои 16 се под земја. Два од нив, пак, се наоѓаат и под вода. Има капацитет за 300 гости, а собите се класифицирани како класични, деловни и апартмани.

Објектот почна да се гради во 2006 година, но неговото завршување беше одложено повеќепати, најчесто поради техничките, безбедносни и урбанистички прашања, како што се строгите прописи во врска со заштитата од земјотреси и одржување на нивото на водата.

Цената за ноќевање во хотелот ќе се движи од 530 до 860 долари.


Администратор
23/11/2018 22:57