Ланецот на супермаркети Тинекс започна соработка со Зоолошката градина во Скопје со поставување на нови едукативни табли во Зоолошката градина. Таблите беа поставени пред сите 150 живеалишта и на истите може да се прочитаат различни едукативни информации преку кои постетителите ќе можат да дознаат повеќе и да се информираат за секое животно, нивните карактеристики и потекло.

Дополнително, секој викенд Тинекс организира дружење со посетителите на Зоолошката градина на Тинекс промотивниот штанд кој се наоѓа на влезот од Зоолошката, каде нуди многу интересни и забавни содржини за најмалите и возразните.

Како компанија која постојано вложува и го поддржува развојот на заедницата, Тинекс изјави дека поставувањето на едукативните табли е само почеток на соработка со Зоолошката градина Скопје, преку која се надеваат дека во иднина ќе можат да понудат помош и поддршка во сите аспекти каде е најпотребно, со цел да ја направат зоолошката поубава, а нејзините жители среќни и задоволни.

Веруваме дека преку ваквите и слични проекти, наскоро ЗОО Скопје ќе прерасне во модерна, урбана и уште поголема зоолошка градина, слична на оние во големите европски градови.


Администратор
01/10/2018 16:23