Над повеќе од половина гласачи во странство се пријавиле во македонските амбасади на последните предвремени парламентарни избори што се одржаа во декември 2016 година, споредено со бројката на гласачи пријавена до денеска во пресрет на референдумското изјаснување. Тогаш, на само на 9 дена пред гласањето, пријавени биле 5500 гласачи, додека сега се регистрирале 2694 граѓани, вкупно во сите земји во кои живеат Македонци.

Споредено пак со уште едни предвремени избори, одржани во април 2014 година, оваа бројка е за околу 10 пати помала. Па така на една недела пред гласањето на 27 април пред четири години, пријавени биле точно 27 828 гласачи.

Покрај статистиката на пријавени во странство, деновиве актуелна беше и онаа за значително помалку пријавени болни и изнемоштени лица кои гласаат на 29 септември- вкупно 1859, во споредба со изборните циклуси претходно. На пример, на локалните избори, лани, во Битола се пријавиле дека ќе гласаат 208 лица, додека за референдумот само 28. Во Кичево пак, е 270 спрема 30, повторно речиси 10 пати повеќе отколку пријавените за референдумот.

Од синоќа на полноќ тече молкот од 48 часа што завршува со затворање на гласачките места во недела во 19 часот.

Право на глас имаат 1 милион 806 илјади 336 гласачи запишани во избирачкиот список.