Демократската унија за интеграција во Тетово ја затвори информативната кампања за референдумот што ќе се одржи на 30 септември. Од Тетово, ги повикуваме граѓаните да излезат и да гласаат ЗА Македонија во НАТО со што нашата земја ќе обезбеди долготрајна стабилност и безбедност.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека 20 дена по ред одржаа контакти со граѓаните Албанци во една благородна мисија во која е разговарано за вредност, за подобри и постабилни односи не само во земјата туку и во регионот.

„На 30 септември треба успешно да се затвора едно поглавје и ние сме определени ова историско поглавје да се затвори со интеграција на нашата земја во Европска Унија и зачленувањето на нашата земја во НАТО. Другата алтернатива е изолацијата. Не само што сме биле поборници, сме пропагандирале и сме биле промотори веќе 17 години за интеграцијата, не само во НАТО и Европска Унија, туку и на внатрешната интеграцијата со сите тие вредности кои ги имаме како нација и така со вредностите што сме ги изградиле тука, да се интегрираме таму каде припаѓаме, во Европска Унија“, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети објасни дека на 30 септември се одлучува за една историска мисија за Албанците кои живеат во Македонија.

„За нас Албанците се отвараат вратите за НАТО и ЕУ за кои сме чекале долги години, таму каде припаѓаме и каде Националната Преродба ни кажуваше дека за нас сонцето изгрева на Запад. Затоа сите ние имаме морална одговорност затоа што за нас сонцето изгрева на Запад“, рече претседателот на ДУИ, Ахмети.

Во собирот со граѓаните на Општина Тетово говор одржа шефот на Штабот за референдумот, Атила Реџепи, градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, претседателот на Собранието, Талат Џефери, вицепремиерот Хазби Лика, заменик министерот за одбрана, Беким Максути и пратеникот Џеват Адеми, кои упатија повик до сите да испратат пораки дека на 30 септември се одлучува за иднината на новите генерации, каде ќе преовладува мирот и стабилноста во земјата и регионот.

Од вечерна на полноќ започнува изборниот молк пред гласањето за референдумот во недела, кога граѓаните ќе имаат можност да гласаат ЗА Македонија во НАТО. Демократската Унија за Интеграција одвиваше интензивна кампања посетувајќи го секој град и село со цел граѓаните што подобро да се информираат во врска со процесот на гласање и за тоа дека 30 септември е историска можност за Македонија и затоа треба да се донесе одлука и да се биде одговорен за тоа дали ќе се оди напред или ќе стагнираме. Гласањето на 30 септември ЗА значи дека Македонија ќе стане членка на НАТО и дека Македонија во иднина ќе биде дел од Европската унија.

Демократска унија за интеграција