Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешното обраќање, по повод претстојниот референдум, истакна дека Европската Унија ги отвора вратите за „европско Делчево“

- Бидете одважни и сигурни дека ние ја носиме и креираме нашата иднина и иднината на нашите деца. Ние мора да го изградиме нашето Делчево по европски терк и да ја донесеме Европа дома, а не нашите деца да одат во Европа. Имаме историска шанса да ја оствариме оваа визија и да ја промениме перцепцијата. Сакаме во родното место, да се гради и живее иднина, рече Трајковски.

Посочи дека крај на 27 годишната агонија во која живееме, може да се стави само на референдумот на кој не се гласа за партии и личности туку за судбоносна одлука за нашата држава, што граѓаните ќе ја донесат со нивниот глас.

- На 30-ти септември е нашата шанса за иднината. Да затвориме едно тешко поглавје и од 1 октомври да продолжиме понатаму. Ве повикувам масовно да излезете во недела и гордо и достоинствено да гласате „за“ перспективната иднина на вашите деца, порача Трајковски.