Движењето Беса кампањата за референдумот ја започна од Општината Желино каде што оствари неколку средби со граѓаните од оваа општина.

На овие средби заедно со претседателот Биљал Касами беа и генералниот секретар и воедно шеф на штаб за референдумот, Арјанит Хоџа, потпретседателите Абдуш Демири и Кастриот Реџепи, како и пратеничката Теута Биљали.

На овој прв ден од кампањата присутен беше и градоначалникот на општина Желино од редовите на Движењето Беса, Блерим Сејдиу.

Претседателот Касами во својот говор се изјасни дека:

Треба да придонесеме за референдумот за да.биде успешен бидејќи само како дел на НАТО и ЕУ, ќе може да ги смените животните услови, ќе може да имаме добра економија, квалитетно образование и напредно здравство.

Претседателот на Беса исто така кажа дека треба да гласаме "ЗА" референдумот со цел да имаме гарантиран мир и безбедност како и да им кажеме СТОП на влијанието од анти НАТО во Македонија.

Канцеларија за односи со јавноста, Кабинет на претседателот Билал Касами