Општинската изборна комисија во Кичево за претстојниот референдум ќе биде во ист состав како и за време на локалните избори, исто така ќе има и ист број на избирачки места 120, но овој пат ќе бидат само преставници од администрацијата, без преставници на политичките партии.
- Ние како општинска иборна комисија во целост сме подготвени за изборниот процес односно за престојното референдумско изјаснување, бидеќи сега се комплетирани избирачките одбори и е заклучен ибирачкиот список. На претстојниот референдум право на изјаснување на територијата на општина Кичево ќе имаат вкупно 50.027 граѓани, изјави Антигона Сефери, преседател на општинската изборна комисија.
Сефери вели дека работат во кординација и според насоките кои ги добиваат од Државната изборна комисија, и оти во целост се подготвени за референдумското изјаснување на 30 септември