Наумоски ветува инвестиции во образованието, а владата која е управувана од неговата партија крати 1.5 милијарда денари

СДС продолжува со лаги и манипулации и во општината Ѓорче Петров.

Александар Наумовски, кандидатот за градоначалник на СДС, денеска по ист терк како и неговиот лидер Заев даде лажни ветувања пред граѓаните на Ѓорче Петров.

Наумоски ветува инвестиции во образованието, а владата која е управувана од неговата партија крати 1.5 милијарда денари во образованието, не изгради не реконструираше ниту едно училиште.

Ветува инфраструктурни проекти, а владата водена од неговата партија ги стопираше сите постојни и не изгради ниту еден нов.

Сите ветувања на Наумоски се флоскуларни и декларативни. Ниту се добро обмислени ниту пак има прецизни рокови.

Александар Наумоски е дел од истиот, кормупиран и истрошен кадар на СДС.

Наумоски доби директорско место во затвор за да може да тргува и пушта на слобода криминалци и затвореници. Сега тој човек се преставува за човек кој ќе вовдел ред во Ѓорче Петров.

Граѓаните на Ѓорче Петров гледаат кој гради, а кој урива.

Граѓаните немаат доверба веќе во лажните ветувања на СДС, Наумоски и Заев и на 15 октомври ќе ги казнат.