Денеска се прегласува на гласачкото место 2901 во општина Чаир, а до 10 часот на гласање излегле 4,45 отсто од запишаните гласачи, односно 32 лица.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гучевска кажа дека гласањето започнало навреме и дека се одвива непрекинато.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.


Администратор
13/11/2017 07:46