Роверот „Упорност” слета на Марс, во село во БиХ групно го следеа настанот
Роверот на НАСА, „Упорност” слета на кратерот Језеро на Марс, именуван по село во Босна и Херцеговина… А, за жителите на селото, тоа е посебна историја, па договорија и групно следење на настанот на видеобим во дворот на единственото училиште во тоа населено место.