Вардар до крајот на годинава има уште три натпревари за играње, сите во регионалната СЕХА лига. Двапати ќе биде домаќин, а првиот од тие две средби е против Војводина утре, вторник во 17,30 часот.
И овојпат една од неговите интервенции беше избрана меѓу петте најдобри на колото. Ништо ново за Вардар и Штербик. Се навикнавме после секое коло барем еден играч, одбрана и гол да бидат во конкуренција на најдобрите.
Таа доминација секогаш се преточува и со избор на некој ракометар, и нормално на тренерот Раул Гонзалес кога се прави кои го одбележале месецот што изминал.
„Црвено-црните" се единствен тим што на сите натпревари сезонава во ЛШ освојувал бодови. Вардарци го задржаа првото место на табелата со 18 бода и како лидери ќе ги дочекаат последните четири кола од групната фаза во февруари 2018.
За Вардар ова е нов клупски рекорд од 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ, и 20 меча по ред сезонава без пораз.
Дваесет и четирите репрезентации се поделени во четири групи. Пласман во следната осминафинална рунда ќе обезбедат првите четири селекции од секога група, додека петто и шесто рангираните ќе играат за пласман од 17 до 24 место.
Во интервјуто за спортскиот портал „g-sport“, искусниот шпански ракометар потврдил дека ќе го испрочитува договорот со Вардар кој е со важност за уште една година.
Во претходните натпревари со шведскиот тим Вардар секогаш победувал, а како што потенцираа на прес-конференцијата тренерот Раул Гонзалес и капитенот Стојанче Стоилов, немаат намера да ја разочараат публиката.
Унгарскиот ракометен шампион Веспрем претпладнево на официјалниот клупски сајт потврди дека голманот на Вардар, Арпад Штербик од следната сезона ќе биде нивни член.
За ракометарите на Вардар продолжува серија на триумфи во регионалната СЕХА Газпром лига каде ја оствари осмата победа сезонава, 30-21 кај Нексе во Нашице, Хрватска. За „црвено-црните" продолжува серијата од 14 победи по ред во СЕХА лигата, и 19 меча по ред без пораз.