Лазаров оптимист пред двомечот со Вест Виена
Македонскиот претставник во Европскиот куп, тимот на Алкалоид го очекува двомеч со Вест Виена. Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, верува во успех и пласман во осминафиналето од третото по квалитет европско ракометно натпреварување.