Во Ѓорче Петров за една недела исчистена најголемата депонија во општината
За една и пол недела, Општина Ѓорче Петров во соработка со Град Скопје ја исчисти дивата депонија во Ново село. Градоначалникот Александар Стојкоски објави дронски снимки од кои се гледа дека местото кое беше натрупано со отпад, кој повремено се палеше, сега е исчистено.