Општина Илинден денеска соопшти дека во соработка со ЕВН, континуирано работи на подобрување на електроенергетската мрежа и напојување.

-Со осовременувањето на електроенергетската мрежа и инфраструктура за дистрибуција се добива квалитетен и стабилен напон на електричната енергија на територијата на целата општина, што е од исклучително значење за развојот на општината и квалитетот на живеење на граѓаните, се наведува во соопштението на општинските власти.

Во моментот се работи во населено место Кадино, а од Општината потенцираат дека сите овие зафати овозможуваат поквалитетно снабдување со електрична енергија како на домаќинствата, така и на стопанството во Општина Илинден.


Администратор
25/11/2021 13:26