Отворен нов пензионерски клуб во Капиштец
Во трговскиот центар Беверли Хилс, во Капиштец е отворен нов пензионерски клуб. Градоначалникот на Општина Центар беше во посета на пензионерите, при што им однесе шах, домино, карти и дама, како дополнителни активности за дружење и релаксација на пензионерите во Капиштец