Ништо ново во Скопје, во текот на ноќта ПМ-10 честичките го надминаа прагот за +12 пати
Во текот на ноќта Карпош ја надмина границата на канцерогените ПМ10-честички од 620 микрограми на еден кубен метар што е за повеќе од 12 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во Центар беа измерени 309, а во Гази Баба и Лисиче 246 микрограми на метар кубен односно скоро пет пати повеќе од дозволеното.