Федерер: Со нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона
Роџер Федерер изјави дека е подготвен за уште една успешна сезона во тенисот, која започнува со Австралија Опен, каде што Швајцарецот ќе ја брани својата титула. „Маестро“, кој се наоѓа на третата позиција во светската ранглиста, се надева на трета титула по ред во Мелбурн, откако триумфираше во 2017 и 2018 година.