Што треба да се случи за да гледаме Надал – Федерер на завршниот АТП турнир?
Надал има сериозна предност во своите директни дуели со Федерер (24-16 во победи), но Швајцарецот победи во четири од петте меча меѓу нив во заврниот АТП турнир. Петтата од рекордните 6 титули на финалниот турнир за Федерер дојде по успехот во финалето против Надал – 6:3, 3:6, 6:1 во 2010 година.