Италијанецот Беретени испиша историја на Вимблдон
Деветторангираниот светски тенисер Матео Беретини стана првиот Италијанец, кој ќе настапи во финале во поединечна конкуренција на грен-слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево го совлада во полуфиналето Полјакот Хуберт Хуркчач (19 на АТП листата) со 6:3, 6:0, 6:7, 6:4, за два часа и 37 минути игра.