Во организација на Федерацијата за коњички спорт на Р Македонија и Коњичкиот клуб Вивакс од Скопје утре на терените во Волково, ќе се одржи вториот „Јулски коњички турнир“ и 2. коло од отвореното Лига – првенство во прескокнување на пречки за 2021 година.
На програмата се два натпревари во прескокнување на пречки со височина на пречките од 0,90 метри до 1,20 метри.
Почетокот на натпреварите е закажан за 9:30 часот.