Ѓоковиќ се израмни со Федерер и Надал по бројот на грен-слем трофеи
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (34) ја освои шестата титула во Вимблдон, откако вечерва во своето седмо финале на грен-слем турнирот во Лондон го совлада Италијанецот Матео Беретини со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3.