Сојузот на спортски федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт организираше дружба со децата со Даунов синдром. Спортските активности беа дел од настанот на кој директорот на Агенцијата за млади и спорт ја искористи можноста да им додели спортска опрема на сите деца, како поддршка за сé што овие спортисти прават за себе, но и за претставување на сопствената држава дома и надвор од границите.

-Станува збор за поголема група на деца која учествува во различни спортови и тоа: пливање, фудбал, лесна атлетика и други спортски активности со кои земаат активно учество и надвор од државата, особено во земјите од Балканскиот регион, соопштија од АМС.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека ќе продолжи соработката со оваа група на спортски ентузијасти, особено кога станува збор за нивни настапи на меѓународен план.