Ноле остана без олимиписки медал, загуби од Шпанецот Буста, го предаде мечот во мешани двојки
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да и донесе медал на Србија на Олимписките игри во Токио, откако денеска прво го загуби натпреварот за бронзеното одличје во машка конкуренција, а потоа го откажа натпреварот за третото место во мешани двојки.