Јамајканката Елејн Томсон стана најбрзата жена во историјата на Олимписките игри, откако попладнево победи во трката на 100 метри со нов олимписки рекорд, пред сонародничките Шели-Ен Фрајзер-Прајс и Шерика Џексон.

Томсон ја истрча патеката за 10:61 секунди со што го собори 33-години стариот олимписки рекорд на Американката Флоренс Грифит Џојнер и постави второ најбрзо време во историјата.

Фрајзер-Прајс го освои сребрениот медал заостанувајќи 13 стотинки зад Томсон, а тројното славје на Јамајка во најбрзата трка во женска конкуренција го комплетираше Џексон со време од 10:76.


Администратор
31/07/2021 15:25