Германската Влада назначи менаџер на филијалата на руски Гаспром, кој се повлече од сопственоста, за да обезбеди континуитет на снабдувањето, соопшти Министерството за економија во Берлин, повикувајќи се на планираната ликвидација на компанијата
На Украина и се потребни „сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај“ кога станува збор за безбедносните гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на државната телевизија
Италија од безбедносни причини протера 30 руски дипломати, соопшти денеска министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо
Рускиот амбасадор во Франција Алексеј Мешков денеска е повикан на разговор во француското Министерство за надворешни работи, јави локалната телевизија БФМ, повикувајќи се на свој извор
Во Германија од 1 мај заразените со Ковид-19 нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах
Индонезискиот висок суд денеска осуди директор на интернат на исламското училиште на смрт поради силување на најмалку 13 ученички во текот на пет години, од кои некои останале бремени
Литванските власти покренаа истрага за трговија со 43 украински деца за посвојување, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон во пленарната сала на Европскиот парламент
Јапонија денеска пречека 20 Украинци кои избегаа од војната и пристигнаа на аеродромот во Токио со авион на јапонската влада
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оваа недела ќе о тпатува за Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски
Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск сега поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“, откако за тоа уплати 2,89 милијарди долари